Корисничко име Лозинка Пријави се
08.2.2018

Венгер пред Тотенхем: На „Вембли“ не сме гости

Арсен Венгер, менаџерот на Арсенал, изјави дека од Хари Кејн нема подобар напаѓач во Европа, но дека тој им верува на неговите играчи пред дербито со Тотенхем.

Дербито на Северен Лондон се игра во сабота, на стадионот „Вембли“.
„Би требало поставата да биде слична на онаа која му се спротивстави на Евертон. Можеби ќе се врати Велбек. Не сум сигурен дали Чех ќе биде на голот бидејќи не тренираше. Одлуката ќе ја донесеме во петок. Нема да ризикувам бидејќи имам многу доверба во Оспина“, изјави Венгер.
Тотенхем моментно се наоѓа на петтото место на табелата со четири бода повеќе од шестопласираниот Арсенал.
„Мораме да најдеме рамнотежа меѓу рационалното и емотивното. Не смееме да дозволиме да нè преплават емоциите, иако дербито секогаш поинаку се доживува. Кога ќе ја погледнете табелата, ќе сфатите дека тоа за нас е многу важен натпревар. Нема подобар во Европа од Хари Кејн, кога ќе ги погледнете бројките. Но и моите напаѓачи се од врвна класа и сакаме да го покажат нивниот талент. Не верувам дека домашниот терен ќе биде предност бидејќи ние секогаш добро сме играле на ‘Вембли’. Нема да се чувствуваме како да сме во гости“, додаде Венгер.
Дуелот меѓу Арсенал и Тотенхем се игра во сабота, од 13.30 часот.

Најнови вести