Корисничко име Лозинка Пријави се
11.12.2017

Емери: Најдобар момент за таков ривал

Унаи Емери, тренерот на ПСЖ, на сличен начин како и останатите актери ја прифати ждрепката за осминафиналето на Лигата на шампионите. Тој изјави дека ждрепката е многу интересна, а медиумите во Франција пишуваат дека таа поминала според желбите на Емери.

„Како тој да ја замислил“ е еден од насловите. Емери по шокантното исфрлање од Лигата на шампионите од Барселона минатата година, доби шанса повторно да ги вкрсти копјата со еден шпански противник. Кралскиот клуб не е во идеална форма, па во задоволството на Емери се наѕира желбата за одмазда кон клубовите од татковината.
„Мислам дека ова е добра ждрепка. Верувам дека сме во состојба да се натпреваруваме со Реал рамноправно. За да направите нешто големо во Лигата на шампионите, морате да ги победите најголемите тимови. Топ 16 е најдобриот момент да играте со таквите тимови. Мораме да покажеме карактер, нашите тактички способности и нашиот талент. Талентот е многу важен“, изјави Емери.
Тактичките способности кои ги спомена, односно изборот на стратегијата во реваншот против Барселона на тимот од Париз му донесоа елиминација од Лигата на шампионите.
Дали работите ќе се променат, останува да се види во Мадрид на 14-ти февруари и во реваншот во Париз на шести март.

Најнови вести