04.10.2017 Агуеро шест седмици надвор од теренот
Серхио Агуеро, фудбалерот на Манчестер сити, ќе отсуствува од теренот во наредните шест седмици, изјави лекарот на репрезентацијата на Аргентина.
Агуеро пред неколку дена доживеа сообраќајна несреќа во Амстердам на патот кон аеродромот. Наводно, таксистот кој го возел изгубил контрола над автомобилот и со голема брзина удрил во бандера.
Тој поради тоа ќе ги пропушти двата одлучувачки натпревара за пласман на Аргентина на Светското првенство 2018 година во Русија.
„Агуеро е лошо расположен бидејќи сакаше да ѝ помогне на Аргентина во клучните натпревари од квалификациите за Светското првенство. На теренот нема да биде шест седмици“, изјави докторот на „гаучосите“.