03.12.2011 Ројс не игра против Борусија Дортмунд
Фудбалерот на Борусија Менхенгладбах, Марко Ројс, ќе го пропушти дуелот на двете водечки екипи во Бундес лигата.
Дваесет и двегодишниот Ројс има скршеница на прст на левата нога која ја заработи на средбата со Келн минатото коло на која Борусија Менхенгладбах победи со 3-0.
Поради оваа повреда ќе мора да паузира две недели, па под знак прашање е и неговиот настап на гостувањето кај Аугсбург следниот викенд.
Ројс игра во одлична форма оваа сезона. Креативниот играч за врска постигна десет голови досега и е еден од најважните фактори што Менхенгладбах е најпријатно изненадување во Бундес лигата и во моментов е на второто место на табелата со ист број бодови како и шампионот Борусија Дортмунд со кој игра денеска.