Корисничко име Лозинка Пријави се
05.5.2017

Паркер ја заврши сезоната

Тони Паркер, кошаркарот на Сан Антонио спарс, го повреди коленото на левата нога во победата на неговиот тим над Хјустон со 121:96 и ќе мора да му биде извршена операција, што значи дека за него сезоната е завршена.

Французинот беше изнесен од теренот во четвртата четвртина, бидејќи воопшто не можеше да застане на левата нога. Прегледот со магнетна резонанца покажал дека на МВП на финалето во 2007 година ќе мора да му биде извршена операција и дека за него сезоната е завршена.
Моменталниот резултат во серијата меѓу Сан Антонио и Хјустон е 1-1, а третиот и четвртиот натпревар се играат во Хјустон, додека петтата средба се игра во Сан Антонио.

Најнови вести