Корисничко име Лозинка Пријави се
26.4.2017

Хјустон ја елиминира Оклахома, брејк за Јута, води Сан Антонио

Хјустон рокетс ја елиминираа Оклахома Сити тандерс, Јута џез поведе против Лос Анџелес клиперс, а Сан Антонио спарс против Мемфис гризлис.

Хјустон славеше во Тексас во петтиот натпревар од првата рунда на Западната конференција со 105:99 и со вкупно 4:1 во триумфите се пласира понатаму.
Хјустон во борбата за Конференцијата ќе игра со подобриот од средбата меѓу Сан Антонио спарс и Мемфис гризлис, на која повторно ѝ е блиску екипата на Грег Попович по славењето пред нејзините навивачи со 116:103 за ново водство во серија – 3:2.
Нов пресврт во серија имаше и во дуелите на Јута џез и Лос Анџелес клиперс, бидејќи гостите од Солт Лејк Сити победија во петтиот натпревар во Лос Анџелес со 96:92 и исто така се наоѓаат на чекор од полуфиналето на Западот – 96:92.
По двата порази на гостувања, Сан Антонио повторно стигна до предност и сега само една победа го дели од пласман во следната рунда. По изедначувањето во првата четвртина, домаќините клучна разлика направија во вториот и во третиот период, а двоцифрената предност без поголеми проблеми ја сочуваа до самиот крај.
Најдобар повторно беше Кавај Ленард со 28 поени (6/11 за два, 3/5 за три) и шест фатени топки, а одличен натпревар одигра и резервниот играч Пети Милс со 20 поени.
Лос Анџелес го искористи отсуството на Руди Гобер, но сега, исто така, тоа може да се каже и за Јута џез, бидејќи екипата на Док Риверс до крајот на сезоната ќе биде без услугите на Блејк Грифин. Гостите на десет минути до крајот, имаа двоцифрена предност, па потоа домаќините го доведоа дуелот во неизвесна завршница – пред Џорџ Хил со четирите слободни фрлања да го потврди славењето на Јута за брејк.
„Џезерите“ ги предводеше Гордан Хејворд со 27 поени (5/8 за два, 4/9 за три), осум скокови и четири асистенции, додека резервниот играч Родни Худ постигна 16 поени и имаше пет скока.

Најнови вести