08.9.2015 Тони Паркер најдобар стрелец во историјата на Европските првенства
Тони Паркер, репрезентативецот на Франција во натпреварот против Полска стана најдобриот стрелец на сите времиња на Европските првенства во кошарка.
Тој уште на почетокот на натпреварот против Полска постигна поени за Франција и со вкупно 1032 стана најдобар стрелец во историјата на Европското првенство.
Претходно, до средбата меѓу Франција и Полска тоа место го држеше грчкиот кошаркар Никос Галис со 1030 постигнати поени.
Дирк Новицки со 1013 поени се наоѓа на третото место на листата, а по него следуваат Камил Барбенец со 948 и Мики Берковиц со 917 поени.