Корисничко име Лозинка Пријави се
02.11.2015

Нов рекорд на триото на Спарси

Ѕвездите на Сан Антонио спарс, Тим Данкан, Ману Џинобили и Тони Паркер испишаа нова страница во историјата на НБА лигата со победата над Бостон Селтикс од 95-87.

Данкан, Џинобили и Паркер во Бостон ја забележаа 541 победа во регуларниот дел од НБА сезоната како соиграчи, по што се рекордери и најуспешно трио во историјата.
Спарси го избраа Данкан како прв пик на драфтот во 1997 година и од тогаш е во редовите на Сан Антонио кој го предводеше до пет шампионски титули.
Џинобили му се придружи на Данкан во Спарси во 2002 година. Аргентинецот беше избран во втората рунда на драфтот во 1999 година, но во САД се пресели дури по три години и освои четири прстени со Тексашаните.
Паркер дојде во Сан Антонио по драфтот во 2001 година и брзо стана прв плејмејкер на еден од најпопуларните клубови во најсилната кошаркарска лига на светот. Францускиот кошаркар беше прогласен за најкорисен играч на финалето на НБА во 2007 година.

Најнови вести