Корисничко име Лозинка Пријави се
11.4.2017

Бауза доби отказ, Аргентинците го сакаат Симеоне или Сампаоли

Аргентинскиот стручњак Едгардо Бауза доби отказ на местото селектор на репрезентацијата на Аргентина поради лошите резултати во квалификациите за Светското првенство 2018 година.

Бауза е сменет поради поразот од Боливија во Ла Паз минатиот месец и поради тоа си замина од селекторската функција по осум месеци.
Тој забележа само три победи во осум натпревари во јужноамериканските квалификации, па на Аргентина ѝ е неизвесен пласманот на Мундијалот 2018 година бидејќи се наоѓа на петтото место, кое води во баражот.
Неговиот наследник ќе дебитира против најголемиот ривал Бразил во пријателскиот натпревар во Мелбурн на деветти јуни, а за наредниот натпревар во квалификациите „гаучосите“ ќе патуваат во Монтевидео кај селекцијата на Уругвај на 31-ви август.
Како потенцијална замена се споменуваат Хорхе Сампаоли, тренерот на Севилја, и Диего Симеоне од Атлетико Мадрид.

 

Најнови вести