Корисничко име Лозинка Пријави се
19.8.2016

Шкендија во финишот поразена во Гент

Шкендија го загуби првиот натпревар од плејофот за пласман во Лигата на Европа кај Гент со 2-1 откако прими гол во продолжението на средбата.

Македонскиот претставник во Лигата на Европа беше блиску до сензација во Гент, но прими два гола во судиските продолженија на двете полувремиња, па реванш-натпреварот во Скопје ќе го почне со заостанување од 2-1.
Шкендија одлично почна на гостувањето во Гент, во деветта минута од средбата поведе со голот на Бесарт Ибраими по одлична комбинација по еден слободен удар. Потоа иако Гент напаѓаше, голманот Дино Захов одлично ја чуваше мрежата. Но на крајот на првото полувреме одбраната на Шкендија попушти, па Матон постигна погодок за изедначување 1-1.
Во второто полувреме Гент повторно напаѓаше, а Шкендија добро се чуваше. Но во 92-рата минута Кулибали постигна гол за победа од 2-1 на Гент.
На реванш-натпреварот на арената „Филип Втори“ во Скопје Шкендија ќе мора да брка победа за да се пласира во групната фаза од Лигата на Европа.

Најнови вести