Корисничко име Лозинка Пријави се
25.7.2016

Хамилтон по петти пат најдобар на Хунгароринг

Возачот на Мерцедес Луис Хамилтон триумфираше на Големата награда на Унгарија, 11-та трка на овогодинешниот шампионат во Формула 1.

Британецот така по петти пат го покори Хунгароринг, а воедно е првиот на кој тоа му тргнало од рака и ја запиша 48-та победа во кариерата.
Второто место го зазема Нико Розберг во другиот болид на Мерцедес, па Хамилтон го презема водството во генералниот пласман, а на нив двајца на подиумот им се придружи и возачот на Ред Бул Даниел Рикијардо.
За разлика од претходните години, Големата награда на Унгарија годинава не понуди многу возбудувања. Борбата за триумфот беше решена речиси во првиот свиок, во кој Хамилтон го престигна Розберг кој стартуваше од пол позицијата.
Со Рикардо, Себастијан Фетел во Ферари и другиот возач на Ред Бул, Макс Ферстапен, учествуваа во борбата за подиумот, но Австралиецот ги надмудри сите со тактиката и пораното заминување во боксот. Еден од јунаците на трката дефинитивно е Кими Раиконен, кој по стартот од 14-тата позиција се проби на шестотото место, пред Фернандо Алонсо од Мекларен. Првата десетка ја комплетираа возачите на тимот на Торо Росо, Карлос Саинс, Валтери Ботас во Вилијамс и возачот на Форс Индија, Нико Хилкенберг.
По петтата победа на последната шеста трка, Хамилтон се наоѓа на чело на генералниот пласман и има 192 бода, шест повеќе од Розберг. Меѓу конструкторите, Мерцедес води со 378 бодови, пред Ферари со 224 и Ред Бул кој има бод помалку.
Овогодинешниот шампионат во Формула 1 продолжува следниот викенд со Големата награда на Германија на патеката „Хокенхајм".

Најнови вести