Корисничко име Лозинка Пријави се
12.7.2016

Најлошиот тим на ЕП: Ибрахимовиќ, Погба, Левандовски...

Шпанскиот весник „Марка“го избра најлошиот тим на Европскиот шампионат во Франција.

Бројни ѕвезди потфрлија во Франција, а меѓу одбраните се играчи како Пол Погба, Златан Ибрахимовиќ и Роберт Левандовски.
Голманот на Англија, Џо Харт, одбранбените играчи на Австрија, Давид Алаба, на Шпанија, Серхио Рамос и Хуанфран од репрезентацијата на Шпанија.
Играчите од средниот ред: Рахим Стерлинг од тимот на Англија, Пол Погба од францускиот тим и Томас Милер од селекцијата на Германија.
Играчите од нападот: Златан Ибрахимовиќ од шведскиот тим, Роберт Левандовски од полската репрезентација и Хари Кејн од Англија.
За најдобар играч на континенталното првенство беше избран напаѓачот на Франција, Антоан Гриезман.

Најнови вести