Корисничко име Лозинка Пријави се
07.8.2018

Барса понуди 50 милиони евра и двајца играчи за Погба, Јунајтед веднаш пресече

Каталонците се обидоа да ги жртвуваат Јери Мина и Андре Гомеш плус пари за Французинот

Манчестер јунајтед ја одби понудата од Барселона за услугите на Пол Погба. За разделба со францускиот играч за врска не се доволни 50 милиони евра, понудени во пакет со Јери Мина и Андре Гомеш.
Познато е дека Погба има желба да се пресели во редовите на шпанскиот првак, но, раководството на „црвените ѓаволи“ нема намера да се раздели од својот најскапо платен фудбалер во историјата на клубот.

Тензиите помеѓу Мурињо и Погба се приметуваа во текот на целата мината сезона, па токму затоа се шпекулираше дека Французинот ова лето би можел да заигра за друг клуб. Но, откако раководството на Јунајтед не му ги исполни желбите на португалскиот стратег во овој преоден рок, продажба на Погба не доаѓа во предвид.

Во следниот период се очекува нова реакција на каталонците, но, доколку се решени по секоја цена да го видат Погба на „Камп ноу“, ќе мора брзо да реагираат бидејќи трансфер прозорецот во Премиер лигата завршува во четврток, еден ден пред почетокот на новото издание на англискиот шампионат.

Најнови вести