Корисничко име Лозинка Пријави се
14.6.2016

Кливленд предводен од Џејмс и Ирвинг намали на 3-2

Кливленд кавалирс останаа во живот, го совладаа Голден стејт вориорс со 112:97 и намалија на 3-2 во финалната серија од НБА лигата.

Оукленд се надеваше дека на свој терен ќе ја освои титулата, но Леброн Џејмс и Кајри Ирвинг со историската серија се вратија во Охајо.
Џејмс постигна 41 поен со 16 скокови и 7 асистенции, а во чекор го пратеше Ирвинг со исто така 41 поен, што е прв пат во историјата двајца играчи на еден тима да имаат најмалку 40 поени во финалето.
Вориорс беа добри до средината на последната четвртина кога Ирвинг врза седум поени со одлични шутеви преку раката на Томпсон и го доведе Кавалирс на +16 поени. 
Клеј Томпсон одлично го следеше тандемот на Кливленд со 37 поени (11/20) додека Стефен Кари додаде 25 поени и погоди 8 од 21 шутеви.
МВП на лигата посебно имаше пропусти во моментите на средината на четвртата четвртина кога не успеваше да погоди тројка додека предноста на Кливленд растеше. 
Шестиот натпревар од серијата е на програмата за во петок од 03:00 часот. Минатата сезона Вориорс ја освоија титулата токму теренот на Кливленд во шестиот натпревар.

Најнови вести