Корисничко име Лозинка Пријави се
24.2.2016

Бендер верен на Борусија Дортмунд

Германскиот репрезентативец Свен Бендер стави потпис на новдоговор со клубот од Дортмунд со кој се обврзува на верност на клубот до 2021 година.

Клубот од Дортмунд лесно успеа да пронајде заеднички јазик со дефанзивниот играч за врска кој пак не ја криеше желбата да остане.
Дваесет и шестгодишниот фудбалер својата сениорска кариера ја почна во Минхен 1860, каде помина три години.
Добрите игри во дресот на „лавовите“ го привлече вниманието на Борусија, која во 2009 година го доведе во своите редови. Бендер во дресот на клубот од „Сигнал Идуна парк“ одигра 143 натпревари и постигна 4 голови.
Бендер ги помина сите млади селекции на националната селекција, а во дресот на А селекцијата на „панцирите“ забележа 7 настапи.
Неговиот брат близнак Ларс, во 2009 година исто така играше за Минхен 1860, кога патиштата им се разделија и тој кариерата ја продолжи во Баер Леверкузен, каде сè уште настапува.

Најнови вести