Корисничко име Лозинка Пријави се
30.9.2015

Анжи му даде отказ на тренерот Сјомин

Рускиот фудбалски прволигаш Анжи од Махачкала договорно ја раскина соработката со тренерот Јуриј Сјомин.

Тој го остави клубот на последното месо по десет одиграни натпревари.
Шеесет и осумгодишниот Сјомин во јуни го презеде кормилото на Анжи, кој минатата сезона успеа да се врати во првата лига.
„Ја анализиравме ситуацијата и заедно се согласивме дека тоа би било најдобро за иднината на клубот“, се вели во соопштението на Анжи.
Анжи моментно е на дното на табелата само со шест бодови од десет натпревари.

Најнови вести