Корисничко име Лозинка Пријави се
18.6.2013

Роналдо останува во Реал и станува најплатениот играч на светот

Управата на Реал Мадрид ќе му понуди на својот најдобар играч на светот Кристијано Роналдо, нов, петгодишен договор вреден 155 милиони евра.

Како што пренесуваат шпанските медиуми, ако навистина продолжи соработката, Роналдо ќе стане најплатениот играч на светот со годишна плата од 20 милиони евра, малку повеќе од Самуел Ето од Анжи, а притоа ќе добие поголем процент од маркетиншките активности.
Моменталната распределба на маркетиншкиот колач меѓу Роналдо и Реал е рамноправна, по 40 отсто, додека 20 отсто држи неговиот агент Жорж Мендеш, а според новиот договор, португалската супер ѕвезда би имала 60 отсто.
Неговиот сегашен договор со Реал му истекува летото 2015 година.
Голем интерес за Роналдо покажа и новиот француски прволигаш Монако, чиј сопственик е богатиот руски бизнисмен Дмитриј Риболовлјев.
Роналдо во Реал дојде во 2009 година од Манчестер јунајтед, кој на тој трансфер заработи 94 милиони евра.
Португалецот за четири години одигра 199 натпревари за кралскиот клуб и постигна 201 гол.

Најнови вести