Корисничко име Лозинка Пријави се
14.8.2013

Интер на Ето му понуди двегодишен договор и 4,5 милиони евра по сезона

Според „Медијасет“, италијанскиот фудбалски клуб Интер му понудил на камерунскиот репрезентативец Самуел Ето двегодишна соработка со можност за продолжување на уште една дополнителна година.

Напаѓачот на рускиот Анжи, кој минатата седмица објави распродажба на своите најдобри играчи, доби понуда од својот поранешен клуб кој го напушти во 2011 година. Интер е спремен на 32-годишниот напаѓач да му плати 4,5 милиони евра годишно, што е само една четвртина од она што го добиваше во Анжи.
И да ја прифати и да не ја прифати понудата на Интер, Ето ова лето дефинитивно ја напушта Русија. Така тврди „Скај Италија“, која ја објави веста дека Камерунецот веќе се сретнал со Сулејман Керимов, сопственикот на Анжи, и се договорил за раскинување на соработката.

Најнови вести