Корисничко име Лозинка Пријави се
24.8.2013

Вилијан сепак во Челзи за 30 милиони фунти

„Нашите врати секогаш се отворени, особено за играчи каков што е Вилијан. Да, трансферот е договорен, но Бразилецот мора да ги помине уште лекарските прегледи“, изјави Жозе Мурињо, тренерот на Челзи, за англиските медиуми.

Пред два дена се шпекулираше дека Вилијан, бразилскиот 25-годишен играч за врска, договорил трансфер воТотенхем, иако претходно преговараше со Ливерпул.
Но, досегашниот играч на Анжи, кој во рускиот клуб дојде во текот на јануари од украинскиот шампион Шахтар, се одлучи за Челзи, и тоа, според англиските медиуми, поради сопственикот на лондонскиот клуб, Роман Абрамович, и неговите врски во Анжи.
Мурињо прв им откри на англиските медиуми дека клубот го договорил трансферот на Вилијан, додека официјалните соопштенија сè уште се очекуваат. Би-би-си, пак, наведува дека Челзи се согласил на оштета од 30 милиони англиски фунти. Останатите детали се очекуваат во текот на викендов.

Најнови вести