Корисничко име Лозинка Пријави се
29.6.2013

Спахиќ од Севилја во Баер Леверкузен

Капитенот на фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина, Емир Спахиќ, прејде од Севилја во Баер Леверкузен со кого потпиша двегодишен договор.

Трансферот го потврдија двата клуба, а притоа финансиските детали не беа соопштени. Триесет и двегодишниот Спахиќ имаше договор со шпанскиот клуб до следното лето, а втората половина на минатата сезона ја мина како позајмен фудбалер во рускиот Анжи.
Босанскиот интернационалец кариерата ја почна во Заграб по кој играше за Шиник Јарослав, московските клубови Торпедо и Локомотив и за Монпелје од каде пред две години прејде во Севилја. За репрезентацијата на Босна и Херцеговина има 65 настапи и три постигнати гола.
„Во Спахиќ добивме централен одбранбен фудбалер со големо меѓународно искуство. Веќе со години ни е добро познат, но претходно трансферот не беше можен. Сега ни се укажа можност и неговото доаѓање е идеално решение за нас“, изјави претседателот на Баер Леверкузен, Волфганг Холцхаузер.

Најнови вести