Корисничко име Лозинка Пријави се
20.4.2018

Ракитиќ подготвен за финалето на Кралскиот куп

Иван Ракитиќ, фудбалерот на Барселона, закрепна од операцијата на палецот на дланката и ќе биде подготвен за финалето на Кралскиот куп против Севилја.

Хрватскиот играч за врска го скрши прстот во елиминацијата во четврт-финалето на Лигата на шампионите од Рома (3-0) на „Олимпико“, но и покрај тоа, го одигра целиот натпревар.
На Ракитиќ веднаш по натпреварот му беше извршена операција и ги пропушти дуелите со Валенсија (2-1) и со Селта (2-2) во Примера лигата.
Овој 30-годишен фудбалер оваа сезона е еден од најстандардните првотимци на Барселона со 47 натпревари и четири гола.
Финалето на Купот на Шпанија меѓу Барселона и Севилја, поранешниот клуб на Ракитиќ, на програмата е вечерва, од 21.30 часот на мадридскиот стадион „Ванда Метрополитано“.

Најнови вести