Корисничко име Лозинка Пријави се
14.3.2018

Севилја го шокираше „Олд Трафорд“, Џеко јунак на Рома

На Манчестер сити, Јувентус, Реал и Ливерпул во четврт-финалето на Лигата на шампионите ќе им се приклучат екипите на Севилја и на Рома.

Севилја по 0-0 на првиот натпревар, го шокираше Манчестер јунајтед во реваншот победувајќи го со 2-1.
Висам Бен Једер беше џелатот на „црвените ѓаволи“ со двата постигнати гола за само четири минути. Ромелу Лукаку успеа да го постигне единствениот гол за англискиот тим.
Рома се пласира во најдобрите осум и му се придружи на Јунајтед, како уште еден италијански претставник во четврт-финалето.
„Волчицата“ го надополни заостанувањето од еден гол од првиот дуел во Украина (1-2) и со погодокот на Един Џеко го елиминира тимот од Донецк.
Севилја во првото полувреме беше подобар ривал, имаше поголем посед на топката, но тоа не успеа да го искористи за да дојде до предност. Ниту на „Олимпико“ во првите 45 минути немаше голови.
Рома во 52-рата минута конечно дојде до предност со погодокот на нејзиниот најдобар стрелец Един Џеко.
Кевин Стротман од средината на теренот му ја испрати топката на Џеко, кој ја избегна замката за офсајд и го совлада истрчаниот голман на Шахтар.
Севилја само за четири минути го шокираше „Олд Трафорд“. Висам Бен Једер во 74-тата минута, по брзата акција, го искористи додавањето на Пабло Сарабија и од околу 15 метри упати прецизен удар, кој не можеше да го одбрани Де Хеа.
Во 78-мата минута од натпреварот беше 2-0 за гостите, а стрелец повторно беше Бен Једер, овој пат по корнерот – иако Де Хеа првобитно успеа да го запре неговиот удар со глава, топката ја помина гол-линијата.
Шахтар во Рим остана со десетмина играчи на теренот, бидејќи црвен картон доби Ордец.
Лукаку на шест минути пред крајот успеа да намали на 1-2 и да ја врати надежта на „црвените ѓаволи“.
Утре се играат преостанатите два реванш-натпревари од осминафиналето, во кои Барселона ќе го дочека Челзи, а Бешикташ ќе биде домаќин на Баерн Минхен.

Најнови вести