Корисничко име Лозинка Пријави се
27.8.2018

Севилја го урива клупскиот рекорд – 40 милиони евра за Маријано Дијаз

Отпадокот на Реал Мадрид пред враќање во Шпанија, и тоа како сензационално засилување

Севилја се надева дека ќе го реализира трансферот на Маријано Дијаз во последните денови од преодниот рок. Напаѓачот на Лион би можело да се врати во шпанското првенство за 40 милиони евра, што би претставувало нов клупски рекорд на Севилја.

Дијаз се пресели во редовите на Лион пред две сезони, напуштајќи го Реал откако не доби вистинска шанса во првиот тим, а заминувањето се покажа како добра одлука. Репрезентативецот на Доминиканската Република ги покажа своите напаѓачки квалитети во француското првенство, на 48 натпревари постигна 21 погодоци за Лион.


 

Најнови вести