Корисничко име Лозинка Пријави се
29.5.2018

Мачин нов тренер на Севилја

Пабло Мачин во Севилја дојде по три сезони минати во Хирона која по прв пат во историјата ја внесе во Примера.

Шпанскиот прволигаш Севрилја соопшти дека Пабло Мачин е нов тренер на клубот. 
Четириесет и тригодишниот Мачин во Севилја доаѓапо три успешни сезони во Хирона која под негово водство прв пат во клупската историја стигна до елитното шпанско друштво.
На клупата ќе го замени Хоакин Капарос кој ја приведе до крај турбулентната сезона на Севилја. Капарос беше трет тренер на андалузискиот клуб пред Едуардо Берисо и Винченцо Монтела, а сега го чека функцијата спортски директор.
Хирона првата сезона во најсилната шпанска лига ја заврши на десеттата позиција, а Севилја беше седма.

Најнови вести