Корисничко име Лозинка Пријави се
11.6.2013

Хидинк го продолжи договорот со Анжи

Гус Хидинк, 66-годишниот холандски фудбалски стручњак, потпиша едногодишно продолжување на договорот со Анжи од Махачкала.

Хидинк клупата на Анжи ја презеде во февруари 2012 година потпишувајќи договор кој истекува со последниот ден на јуни, а сега соработката е продолжена, иако финансиската позадина на договорот не е позната.
„Двете страни се согласија на активирање на клаузулата во договорот на обострано задоволство“, изјави директорот на Анжи, Константин Ремчјуков.
Минатата сезона Анжи под Хидинк заврши на третото, рекордно место за клубот во руското првенство и играше во финалето на Купот на Русија, во кој на пенали беше поразен од ЦСКА Москва.
Претходно Хидинк рече дека не ја исклучува можноста да замине во пензија по завршувањето на актуелната сезона, но, очигледно, понудата на Анжи била предобра за да се одбие.

Најнови вести