Корисничко име Лозинка Пријави се
13.2.2016

Коста го скрши носот, со маска на Њукасл

Напаѓачот на Челзи Диего Коста го скрши носот на тренинг, поради што ќе игра со заштитна маска против Њукасл во 26-тото коло во Премиер лигата.

Менаџерот на „сините“ Гус Хидинк потврди дека смета на својот прв напаѓач и покрај незгодната ситуација.
„Диего се повреди по еден несреќен дуел на тренингот. Се случи мал инцидент, кога со носот се удри во задниот дел на главата на соиграчот. Го скрши носот и ќе мора да игра со маска за да ја продолжи добрата форма“, изјави Хидинк на конференцијата за медиумите за денешниот натпревар кој ќе се одигра на „Стемфорд бриџ“ од 18:30 часот.
Диего Коста е првиот стрелец на тимот со девет голови во Премиер лигата на 21 натпревар.
Шпанскиот репрезентативец оваа сезона не е ефикасен како минатата, но неодамна посочи дека полека се враќа во форма.
Тој пред да игра во Челзи играше за Атлетико Мадрид, Рајо Валејкано, Валадолид, Албасете, Брага, Селта и Пенафиел.

Најнови вести