Корисничко име Лозинка Пријави се
17.2.2016

Хидинк: Не смее ниту на секунда да падне вниманието

Менаџерот на Челзи Гус Хидинк изјави дека поразот од ПСЖ со 2-1 во првиот натпревар во осминафиналето од Лигата на шампионите „не е ужасен“.

„Никогаш не е добро чувството по поразот, но се играат два натпревари и можеме нешто да извлечеме од голот кој го постигнавме. Бевме опасни, направивме четири – пет шанси и со поразот од 2-1 сè уште сме во игра“, изјави холандскиот стручњак.
„Имајте на ум дека игравме со многу силна екипа, тие и во второто полувреме можеа да внесат врвни играчи. Можеби можевме да бидеме по конкретни со контра нападите, но не е лесно да се игра со ПСЖ, така што ова не е ужасен пораз“, додаде Хидинк.
Хидинк изјави дека неговиот тим се снајде многу добро земајќи ги во предвид кадровските промени.
„Не само одбраната, туку и редот за врска одлично бранеше. Моравме да направиме комбинација без Тери и Зума, бековите сега не беа на истите позиции“.
Хидинк изјави дека шансите во реванш натпреварот се 50-50 и додаде:
„ПСЖ сака да напаѓа, а ние да се браниме, мораш да бидеш сконцентриран и буден цело време. Вториот гол беше типичен за нив, многу се паметни и мораме да бидеме свесни за тоа, оној момент кога ќе ти падне вниманието, тие ќе те казнат“,  заврши Холанѓанецот.
Реванш натпреварот ќе се игра за три седмици на „Стемфорд бриџ“.

Најнови вести