Корисничко име Лозинка Пријави се
20.2.2016

Хидинк: Азар не сака да си оди

Менаџерот на Челзи Гус Хидинк изјави дека Еден Азар сака да остане во Лондон и покрај многубројните шпекулации дека летово ќе го засили ПСЖ или Реал Мадрид.

Азар минатата сезона беше најдобар фудбалер на „сините“ и го предводеше тимот до освојување на титулата во Премиер лигата, но оваа година сè уште не успеа да се запише во листата на стрелците во првенството.
„Пред натпреварот со ПСЖ имав краток разговор со Азар. Тој е среќен во Челзи, неговото семејство е среќно во Лондон и навистина не гледам причина зошто би сакал да го напушти клубот. Не сакам премногу внимание да ѝ посветувам на оваа тема бидејќи сè е на него. Ја има нашата целосна поддршка, многу е талентиран и знаеме дека наскоро ќе заигра во вистинскиот ритам“, изјави Хидинк.
Белгискиот фудбалер е член на Челзи од 2012 година, а одигра 191 натпревар и постигна 50 голови. Со клубот од Лондон покрај Премир лигата, ја освои и Лигата на Европа и Лига купот.

Најнови вести