Корисничко име Лозинка Пријави се
10.2.2016

Алегри останува во Јувентус

Италијанскиот стручњак изјави што мисли за шпекулациите околу можното преземање на клубот од западен Лондон.

Масимилијано Алегри е тренер кој во последно време највеќе е поврзуван со можноста од следната сезона да го преземе кормилото на Челзи.
По смената на Жозе Мурињо, Гус Хидинк по втор пат стигна на „Стемфорд бриџ“ како спасител, но ќе остане само до крајот на тековната сезона.
Италијанскиот стручњак во минатата сезона имаше доста успеси на клупата на Јувентус и покрај новото „Скудето“, неговиот тим достигна до завршницата во Лигата на шампионите.
Новата сезона стартуваше под сите очекувања, но 14 врзани победи во Серија А, што е нов клупски рекорд по бројот на победите во низа се знак дека лошата форма на почетокот на сезоната е само последица на големите „кадровски “ промени во тимот.
Неодамна Џузепе Марота порача дека Алегри останува во Торино. Италијанскиот стручњак исто така даде изјава по повод можната селидба во Премиер лигата.
„Нема никаква вистина во она што е кажано. Не можам да потврдам ниту да ги демантирам тие натписи, бидејќи никој не може да контролира што одредени медиуми ќе објават“, изјави Алегри.
„Сакам оваа приказна да биде завршена. Англискиот јазик го учев додека бев во Калјари, поради лично усовршување. Не можам да демантирам ниту пак да потврдам, нешто што едноставно не е вистина. Сакам да се фокусираме на продолжението на сезоната и да издржиме во борбата за трофеите“, заклучи Алегри.

Најнови вести