Корисничко име Лозинка Пријави се
10.6.2013

Хидинк главен кандидат за клупата на ПСЖ

ПСЖ е во преговори со Гус Хидинк, тренерот на Анжи, тврдат италијанските медиуми, откако сè поизвесно е дека Анчелоти ќе замине во Мадрид.

На 66-годишниот Хидинк му истекува договорот во рускиот прволигаш, во кој годишно заработуваше десет милиони евра нето.
Бидејќи на пенали изгуби од ЦСКА Москва во финалето на Купот на Русија, Хидинк за руска телевизија изјави дека за евентуално продолжување на договорот со Анжи допрва ќе разговара со челниците на клубот.
Хидинк, исто така, најави дека би можело да паузира наредната година.
„Како што се наведува, ПСЖ контактирал со Хидинк, бидејќи не е сигурно дали директорот на клубот, Леонардо, ќе може да го преземе кормилото од Карло Анчелоти, кој „веќе е виден“ на клупата на Реал Мадрид.
Доколку на 20-ти јуни се потврди деветмесечната суспензија на Леонардо поради тоа што го турна судијата, тој сигурно нема да биде опција за нов тренер.

Најнови вести