Корисничко име Лозинка Пријави се
03.8.2018

Фановите на Јуве со порака за Бонучи: Тука сме за Роналдо, не за тебе

Дефанзивниот играч сега ќе го има прекарот „предавник на тимот“

Леонардо Бонучи повторно го облече дресот на Јувентус, откако по само една година помината во Милан, Торино е неговиот старонов дом. Бонучи беше задоволен што се врати во тимот на италијанскиот првак и потенцираше дека е среќен. 
„Фантастично е што повторно сум тука. Јувентус е мојот дом. Среќен сум“, рече Бонучи на официјалната промоција. 
Сепак, за разлика од дефанзивниот играч, навивачите на „старата дама“ не му посакаа топло добредојде на играчот кој веќе еднаш го „предаде“ нивниот омилен клуб. За време на лекарските прегледи на Бонучи, фановите на Јувентус му порачаа дека не им е омилен.
„Тука сме за Роналдо, а не за Бонучи. Каде е Роналдо?“, скандираа симпатизерите, потенцирајќи дека Португалецот е вистинско засилување за тимот, а не враќањето на Бонучи. 
Пред да замине во Милан, Бонучи со Јувентус имаше освоено шест титули во Серија А и три во Купот на Италија, а два пати играше и во финалето на Лигата на шампиони. 

Најнови вести