Корисничко име Лозинка Пријави се
02.8.2018

Мега трансферот меѓу Јувентус и Милан е постигнат

Бонучи се враќа назад во Јуве, Игуаин ќе игра за Милан

Италијанското првенство дефинитивно е во центарот на вниманието ова лето. По доаѓањето на Кристијано Роналдо во Јувентус, сега се комплетираше уште еден мега трансфер. 
Јувентус и Милан постигнаа договор според кој Гонзало Игуаин и дефанзивецот Матија Калдера ќе бидат нови играчи на Милан, додека во редовите на Јувентус се враќа Леонардо Бонучи. Преговорите за оваа размена траеја неколку дена, но на крајот е постигнат договор. 
Игуаин ќе игра како позајмен играч во Милан, а „росонерите“ ќе треба да платат 18 милиони евра за овој договор. Следната година, откупната клаузула за напаѓачот ќе биде 36 милиони евра.
Игуаин едноставно мораше да си замине од Јувентус, откако во Торино се појави Кристијано Роналдо. Ќе биде интересно како навивачите на „старата дама“ ќе го прифатат враќањето на Бонучи, кој минатото лето со отиде од Јувентус, за да биде капитен во Милан. Бонучи брзо зажали за оваа одлука и побара да се врати во редовите на најтрофејниот тим во Италија. 

 

Најнови вести