Корисничко име Лозинка Пријави се
26.12.2014

Згаснува Кубањ од Краснодар

Рускиот фудбалски прволигаш Кубањ од Краснодар на крајот на оваа сезона ќе биде затворен поради финансиски проблеми, пренесоа руските медиуми.

Се шпекулира дека сите играчи, на чело со тренерот Леонид Кучук, ќе се преселат во Анжи, кој моментно води во втората лига. Руските медиуми наведуваат дека главниот финансиер на Кубањ, Олег Мкртчјан одлучил со Сулејман Керимов повторно да го обнови проектот на големиот Анжи.
Керимов во екипата од Махачкала е од 2011 година, вложил повеќе од 150 милиони евра за доведување на: Самуел Ето, Роберто Карлос, Вилијан, Јуриј Жирков, Ласана Дијара...
Во август 2013 година Керимов ги распродаде сите најдобри играчи, а клубот таа сезона заврши на дното на првата лига преселувајќи се во понизок ранг на натпреварување.
Челниците на Кубањ веднаш ги демантираа шпекулациите за затворање на клубот, порачувајќи дека се работи за лаги.
„Клубот потпиша спонзорски договори со пет големи компании. Не станува збор за затворање на клубот и спојување со Анжи. Финансиската состојба во клубот е меѓу подобрите во руското првенство“, изјави Иван Перонко, еден од челниците на клубот и претседател на регионалниот Фудбалски сојуз.


Најнови вести