Корисничко име Лозинка Пријави се
17.6.2013

Билиќ го напушти Локомотив

Славен Билиќ, поранешниот селектор на хрватската фудбалска репрезентација, го напушти кормилото на рускиот прволигаш Локомотив, а за нов тренер е претставен Леонид Кучук, кој досега го водеше Кубањ, објави рускиот „Спорт експрес“.

Разделбата на Билиќ и Локомотив ја потврди и поранешниот клупски портпарол Александер Удаљцов на својот профил на „Твитер“.
„Билиќ пред денешниот тренинг се збогува од играчите, а екипата ја презеде Кучук“, напиша Удаљцов.
Билиќ го водеше Локомотив само една сезона, освојувајќи го само деветтото место на првенствената табела, што е најлош пласман на екипата во последните 20 години. Во 30 кола составот од Москва имаше само 12 победи, седум нерешени средби и 11 порази.
Се шпекулира дека по Билиќ, Локомотив може да го напушти и одбранбениот играч на хрватската селекција Ведран Ќорлука, кого во своите редови го сака Зенит. Екипата од Санкт Петербург бара замена за Бруно Алвеш и за Ќорлука е спремна да плати оштета од осум и пол милиони евра.

Најнови вести