Корисничко име Лозинка Пријави се
  • БОЈА:
27.12.2017

Манчини го напушта Зенит поради повикот од Милан

Италијанскиот фудбалски тренер Роберто Манчини би можело да го напушти Зенит од Санкт Петербург и изненадувачки да ја преземе клупата на Милан, големиот ривал на Интер, во којшто работеше два пати.

Познатиот весник „Газета дело спорт“ пишува дека Манчини е незадоволен од животот во Русија и дека сака да си оди, како и дека веќе ги завршил разговорите со Марко Фазоне и Масимилијано Мирабели, директорите на „росонерите“.
Манчини и Мирабели соработуваа во Интер, а сега планот на управата на Милан е повторно да работат заедно бидејќи сегашниот тренер Џенаро Гатузо не ја извлече екипата од резултатската криза, туку само ја продлабочи.
Манчини со Зенит има договор до 2020 година, вреден осум милиони евра по сезона, но често изјавуваше дека му недостасува италијанскиот фудбал.
Гатузо е под притисок и ултиматум на челниците на клубот бидејќи мора да оствари поволни резултати во вечерашниот натпревар против Интер во Купот на Италија и против Фиорентина во сабота во Серија А.

Најнови вести