Корисничко име Лозинка Пријави се
26.12.2017

Валериј Карпин на клупата на Ростов

Рускиот фудбалски тренер Валериј Карпин официјално ја презеде екипата на Ростов, објави клубот.

Карпин потпиша договор на две и пол години, а на клупата на Ростов дојде на местото на Леонид Кучук.
Ростов по 20 одиграни кола на руската Премиер лига, го зазема десеттото место на табелата со 25 бода, четири повеќе од местото коешто води во баражот за опстанок.
Карпин по богатата играчка кариера, во два наврати беше тренер на Спартак од Москва, а ги тренираше уште Мајорка и Торпедо Армавир.

 

Најнови вести