Корисничко име Лозинка Пријави се
15.3.2017

Мурињо го затвори стадионот на Ростов

На рускиот фудбалски прволигаш Ростов му е забрането да игра натпревари во тамошниот шампионат на неговиот стадион поради катастрофалната состојба на теренот, пренесува АП.

Челниците на Премиер лигата на Русија оваа одлука ја донесоа по критиките на Жозе Мурињо, менаџерот на Манчестер јунајтед, по дуелот на двата тима во Лигата на Европа (1-1).
Португалецот минатата недела имаше забелешки за површината на теренот во Ростов, нарекувајќи го полјана. Ростов нема да може да игра на неговиот стадион сè додека не ја обнови тревната површина, а дотогаш ќе мора да пронајде алтернативно решение.
Фудбалерите на Ростов моментно се наоѓаат на осмото место на табелата на руското првенство.

Најнови вести