Корисничко име Лозинка Пријави се
07.8.2018

Мурињо има 12 милиони причини да не му е гајле ако добие отказ

Манчестер Јунајтед ќе треба да плати дебело обештетување за предвремен раскин на договорот

Жозе Мурињо е прв кандидат да добие отказ во новата сезона на англиската Премиерлига, но пред да се одлучат на евентуален таков потег, челниците на Манчестер Јунајтед ќе мора добро да размислат.
Менаџерот на „црвените ѓаволи“ јавно ги критикуваше челниците на клубот бидејќи не му дозволиле во летниот преоден рок да доведе играчи за кои Мурињо мислел дека ќе бидат потребни во Манчестер. 
Португалскиот стратег има уште две години од договорот со Манчестер, а доколку челниците на најтрофејниот англиски клуб се решат да му врачат отказ, ќе мора да му исплатат и 12 милиони евра. Толку чини предвременото заминување на Мурињо од „Олд Трафорд“, што значи дека и доколку Португалецот остане без работа, нема да има криза за него. 

 

Најнови вести