Корисничко име Лозинка Пријави се
15.8.2018

Зидан чека кикс на Мурињо за да седне на клупата на Манчестер јунајтед

Французинот засега е без работа

Зинедин Зидан за три сезони поминати на клупата на Реал Мадрид, успеа да донесе три трофеи во Лигата на шампионите. Францускиот стратег изненадувачки си даде отказ од Реал, поради недоразбирања со челниците на клубот, па сега е без работа. 
Според многумина, Зидан чекаше да ја преземе работата во националниот тим на Франција, но откако „галските петли“ станаа светски прваци на Мундијалот во Русија, јасно е дека таму местото е загарантирано за Дидие Дешамп. 
Француските медиуми шпекулираат дека Зидан се заинтересирал за тренерското место во Манчестер јунајтед, каде што предводник е Жозе Мурињо. Токму Мурињо е прв фаворит за добивање отказ во англиската Премиер лига, и тоа поради критиките упатени кон челниците на клубот кои не му дадоа доволно пари за доведување нови играчи. 
Мурињо добро започна во новото првенство во Премиер лигата, „црвените ѓаволи“ со 2-1 славеа над Лестер на „Олд Трафорд“. Зидан сега седи мирно и чека кикс на Мурињо, кој би значел и негово заминување од клупата на најтрофејниот англиски клуб.

 

Најнови вести