Корисничко име Лозинка Пријави се
17.8.2018

Мурињо: Никогаш не сум бил позадоволен од Погба

Менаџерот тврди дека нема никакви проблеми со Французинот

Жозе Мурињо официјално ги демантираше пишувањата за несогласувања меѓу него и францускиот фудбалер во Манчестер јунајтед, Пол Погба. Тренерот на Јунајтед вели дека одлично се согласува со една од ѕвездите во тимот. Посебно нивниот однос се зацврстил во последните 2-3 недели. 
„Со Погба заедно работиме веќе две години, но вистината е дека никогаш не сум бил позадоволен од него како во последните две-три недели . Не можам да побарам повеќе од него. Беше дојден само три дена, а јас веднаш побарав тој да ни помогне на првиот меч против Лестер. Тој се согласи и одигра одлично“, вели Мурињо за односот со Погба. 
Погба летово со Франција стана светски првак, а откако се приклучи на подготовките во Манчестер, покажа дека е во одлична форма. Тој беше стрелец на првиот погодок сезонава во Премиер лигата. На отворањето против Лестер, Погба даде гол од пенал во третата минута, во победата од 2-1. 
Во последните неколку недели постојано се спомнуваше за можно заминување на Погба од Манчестер јунајтед, но многу веројатно дека од таквото сценарио нема да има ништо. 

 

Најнови вести