Корисничко име Лозинка Пријави се
16.3.2017

Лига на Европа: Ростов на „Олд Трафорд“, Џеко или Лаказет?

Вечерва на програмата се реванш-натпреварите од осминафиналето на Лигата на Европа, а дерби-натпреварот се игра во Рим, каде што Рома го дочекува Олимпик Лион.

Во спектакуларната прва средба францускиот тим славеше со 4-2 по двата пресврта и неколкуте спектакуларни голови.
Рома мора да нападне со сите сили на нејзиниот „Олимпико“, а најмногу ќе зависи од учинокот на Един Џеко. Од друга страна, мора да внимава на Александр Лаказет.
Џеко постигна 30 голови во тековната сезона, осум во Лигата на Европа, а Лаказет 28, од кои три во Европа на исто толку настапи.
Интересно би требало да биде и на „Олд Трафорд“, каде што Манчестер јунајтед ќе го дочека рускиот Ростов, по ремито 1-1 на ужасниот терен во градот на Дон.
Драматични 90 минути се очекуваат во Истанбул и во Менхенгладбах, бидејќи немаше победници во дуелите меѓу Бешикташ и Олимпијакос во Пиреја и меѓу Борусија и Шалке во Гелзенкирхен.

Најнови вести