Корисничко име Лозинка Пријави се
07.9.2012

Синама-Понгол ново засилување за Ростов

Поранешниот напаѓач на Ливерпул, Флоран Синама-Понгол, е ново засилување за рускиот прволигаш Ростов.

На последниот ден на преодниот рок во Русија францускиот напаѓач потпиша двегодишен договор со Ростов во кој доаѓа како слободен фудбалер од Спортинг Лисабон.
Синама-Понгол дојде во Ливерпул во летото 2003 година како перспективен фудбалер, па замина на двегодишно калење во Ле Авр се врати, по што се врати, но не успеа на „Енфилд“, па замина во Рекреативо Хуелва во 2006 година.
Подоцна настапуваше за Атлетико Мадрид, Сарагоса и Сент Етјен, а неговиот единствен настап за француската репрезентација го имаше во септември 2008 година.

Најнови вести