Корисничко име Лозинка Пријави се
22.11.2016

Нојер не отпатува во Ростов

Мануел Нојер, чуварот на мрежата на Баерн Минхен, поради повреда нема да му биде на располагање на тренерот Карло Анчелоти на натпреварот од Лигата на шампионите против Ростов.

Голманот на „баварците“ и капитен на германската репрезентација доживеа полесна повреда на листот на ногата и ќе остане во Минхен за да не дојде до влошување на состојбата. На негово место на голот на тимот од Минхен ќе биде Том Штарке или Свен Улрајх.
Баерн против рускиот Ростов игра утре, во 18.00 часот, во петтото коло од групната фаза на Лигата на шампионите, а резултатот нема да му биде толку важен бидејќи веќе обезбеди пласман во наредната рунда.
Германскиот шампион во групата Д се наоѓа на втората позиција со девет бодови, прв е Атлетико Мадрид со 12, додека Ростов е трет со еден бод, колку што има и ПСВ на последната позиција.

Најнови вести