Корисничко име Лозинка Пријави се
12.5.2018

Вардарки во финале, на чекор до европската круна!

Ракометарките на Вардар ја победија екипата на Ростов Дон со 25:19 и се пласираа во големото финале од Лигата на шампионите во кое ќе играат против Ѓер.

Во натпревар со малку погодоци, вардарки доминираа во текот на целиот меч. Ростов Дон се обидувашае да го стигне водството, но освен 1-0 на стартот, не успеа ниту еднаш во продолжението да дојде до предност.
Вардарки направија серија од 4-0 по примениот гол на стартот и предноста од три гола ја одржуваа до крајот на полувреме за 10:7.
Во второто полувреме македонскиот шампион бргу дојде до највисоки шест гола разлика - 15:9, по што следуваше серија на Ростов Дон од 4-0 со кои Русинките дојдоа до минус два и надеж за пресврт. 
Сепак квалитетот на ЖРК Вардар дојде до израз, и ракометарките на македонскиот првак ја преземаа контролата на натпреварот и до крајот не допуштија противникот да им се приближат за конечни 25:19.
ЖРК Вардар во утрешното финале ќе игра против актуелниот шампион Ѓер кој претходно беше подобар од ЧСМ Букурешт со 26:20. Ова е реприза на минатогодишното финале, што е убава можност вардарки да се реваншираат за поразот.
Амандин Лејно беше фантастична на голот со 17 одбрани, најефикасни беа Лекиќ и Пенезиќ со по седум погодоци, Радичевиќ постигна четири, Лазовиќ три. 
Финалето се игра утре со почеток од 18 часот.

Најнови вести