Корисничко име Лозинка Пријави се
08.9.2018

Почна женската Супер-лига: Вардарки ремизираа против Куманово, Пелистер убедлив против ЦЕМС

Новиот, и неискусен тим на Вардар пропушти шанса со победа да ја започне новата сезона во домашниот шампионат

Бранителот на титулата, тимот на Вардар пропушти победа против Куманово во првото коло од женската Супер-лига. Иако на полувреме вардарки водеа со 16-12, на крајот мечот заврши со конечни 30-30, откако примија израмнувачки гол во последните секунди од средбата.

Ракометарките на Пелистер лесно го совладаа дебитантот ЦЕМС со резултат од 33-23. Симона Василева постигна 13 гола, oдносно повеќе од половина од вкупните 23 на ЦЕМС, додека кај Пелистер најефикасна беше Анастасија Николовска со девет погодоци.

Најнови вести