Корисничко име Лозинка Пријави се
15.3.2017

Манчестер без Руни и Марсијал против Ростов

Манчестер јунајтед утре ќе игра осминафинале против Ростов на негов терен, а во натпреварот влегува без двајца првотимци.

Манчестер јунајтед и Ростов утре ќе ги вкрстат копјата во натпреварот од осминафиналето на Лигата на Европа, а домаќинот е голем фаворит за пласман во наредната рунда на натпреварувањето по нерешениот резултат 1-1 во Русија пред седум дена.
Јунајтед нема да може да смета на двајца фудбалери.
Антони Мартијал не тренираше вчера, па нема да биде физички доволно подготвен да му помогне на неговиот тим во походот кон четврт-финалето.
Покрај него, ниту Вејн Руни не е во конкуренција за натпреварот поради повреда.
Добра вест за Манчестер јунајтед е тоа дека Златан Ибахимовиќ е во конкуренција за натпреварот против Ростов, по пропуштениот натпревар против Челзи.

Најнови вести