Корисничко име Лозинка Пријави се
07.9.2012

Тотенхем му го позајми Бентли на Ростов

Дејвид Бентли, дваесет и осумгодишниот крилен напаѓач на Тотенхем ќе игра до јануари следната година во рускиот прволигаш Ростов како позајмен фудбалер.

Бентли во Тотенхем стигна од Блекбурн во 2008 година за оштета од 15 милиони фунти, но на „Ват харт лејн“ не ги оправда големите очекувања и одигра само 42 натпревари за „спарси“.
Во вториот дел од сезоната 2010/11 играше како позајмен фудбалер во Бирмингем, а минатата сезона ја помина во Вест хем, но за „чеканите“ одигра само пет натпревари, а потоа паузираше шест месеци поради повреда на коленото. За Англиската репрезентација настапи на седум натпревари.
Бентли кариерата ќе ја продолжи во Ростов, каде ќе се сретне со поранешниот соиграч од Тотенхем, Стипе Плетикоса, кој е прв голман на рускиот премиерлигаш.

Најнови вести