Корисничко име Лозинка Пријави се
  • БОЈА:
09.8.2018

Трансферот на Смолов предизвика хаос во Русија

Преминот во редовите на „железничарите“, не им се допаѓа на некои од ривалите

Рускиот репрезентативец, Фјодор Смолов, е нов член на Локомотив Москва, а ова најмногу ги налути фановите на Спартак и Зенит. Смолов во претходните три години играше за Краснодар, каде даде 53 гола на 75 меча. 
Пред една година, Смолов беше на прагот на премин во московски Спартак, но во последен момент ги одби, а сега прифати понуда од друг московски клуб. Минатата година тој потпиша за Зенит, но реши да замине бидејќи клубот создаде тандем Кокорин-Ѕјуба. 
Договорот е вреден 9 милиони евра, а годишната плата на Смолов ќе биде три милиони евра, без бонусите. Клучна работа која го привлече Смолов не се само парите, туку шансата за играње во Лигата на шампиони. 
„Мојата плата во Локо ќе биде малку помала од таа во Краснодар, но вреди да се игра и за помалку пари, бидејќи ќе настапувам за клуб од Лигата на шампионите. Секој фудбалер поскаува да биде дел од ЛШ“ – изјави Смолов, кој во нападот за партнер ќе го има Португалецот Едер. 

 

Најнови вести