Корисничко име Лозинка Пријави се
  • БОЈА:
23.11.2017

Јаневски ќе го нападне Зенит во Санкт Петербург

Чедомир Јаневски, тренерот на Вардар, изјави дека неговиот тим нема што да изгуби во претстојниот натпревар против Зенит.

Тимот од Скопје на гостувањето во Санкт Петербург ќе се обиде да ги освои првите бодови во Лигата на Европа во натпреварот од петтото коло.
Јаневски изјави дека неговиот тим има квалитет и дека во квалификациите покажал дека може да игра добри натпревари. Тој додаде дека убедливиот пораз во првиот натпревар против Зенит (5-0) не е мерило за квалитетот на неговиот тим.
„Знаеме дека Зенит овде не ги губи лесно бодовите, но доаѓаме подготвени. Имаме два натпревари до крајот, досега не сме освоиле бод и треба да играме со желба да освоиме еден или три. Ние не се закануваме, туку дојдовме без страв, бидејќи немаме што да изгубиме, а можеме само да добиеме“, изјави Јаневски.
Тренерот на македонскиот шампион изјави дека неговиот тим не дошол да игра затворено и на нула, туку да постигне гол иако, како што изјави тој, Зенит е поквалитетен и на секоја позиција има по двајца квалитетни играчи.
Иако Зенит се пласира во втората фаза од Лигата на Европа, Јаневски додаде дека не верува дека рускиот тим ќе се релаксира и дека нема да има мотив.
Зенит е прв во групата Л на Лигата на Европа со три победи и еден нерешен резултат, додека Вардар е последен со сите четири порази.
Натпреварот на програмата е вечерва, од 19 часот.

Најнови вести