Корисничко име Лозинка Пријави се
24.11.2017

Вардар одигра храбро во поразот од Зенит

Фудбалерите на Вардар одиграа подобро во однос на претходните натпревари на гостувањето кај Зенит, но сепак беа поразени со 2-1.

Македонскиот шампион Вардар го доживеа петтиот пораз во петте одиграни натпревари од Лигата на Европа, но за разлика од претходните дуели, овој пат одигра многу подобро и похрабро.
Вардар не го почна добро натпреварот, веќе во 16-тата минута Полоз ја погоди мрежата на Гагачески. Македонскиот шампион се обидуваше да нападне, но обидите кон голот на Зенит беа неуспешни. Во 26-тата минута од средбата, Дзујба беше фаулиран од Новак и судијата веднаш покажа на белата точка. Ударот на Дзујба беше неуспешен бидејќи Гагачевски одлично го одбрани и не дозволи гол од пенал. 
На крајот на првото полувреме, Демири направи грешка на средината на теренот, па Зенит тргна во акција, која со прекрасен гол ја реализира Ригони за водство на рускиот тим од 2-0.
Во вториот дел од средбата, „црвено-црните“ беа подобри од Зенит, почесто играа во полето на противникот и создадоа неколку одлични можности за гол, а на крајот постигнаа одличен погодок. 
Џигаури имаше два одлични удари, кои голманот Лодигин успешно ги одбрани. Неколку неуспешни обиди кон голот имаше и Фелипе.
В судиското продолжение, по едно нафрлување од корнер, Блажевски со прекрасен волеј погоди за конечен резултат 2-1. Избраниците на Јаневски се покажаа во едно многу подобро и позрело издание во однос на претходните натпревари и ја заслужуваат секоја пофалба.
Вардар последниот натпревар во Лигата на Европа ќе го игра на седми декември, на арената „Филип Втори“ против Розенберг.

 

Најнови вести